Поради обилни врнежи од снег од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија(АМСМ).
Претходно забрана за сообраќај на камиони беше воведена на планинските премини Стража и Плетвар.
Поради интензивни врнежи од снег вечерва во 19:50 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир.
На патот Делчево- граничен премин Делчево од 20:15 часот е задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за тешки товарни возила.
Од 18:10 часот вечерва, пак, патниот правец Берово-Виница е во прекин за патнички и тешки товарни возила.
Забрана за сообраќај на камиони има и на патот Дреново-Прилеп и на планинските премини Стража и Плетвар.
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе продолжат и во ноќните часови и ќе се преместуваат на исток. На повеќето места ќе врне снег, на пониските места во централните делови ќе бидат мешани од дожд и снег, а на крајниот југоисток од дожд.
По целосната блокада на сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка, од 17 часот патот е пуштен наизменично за сообраќај.