Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски истакна дека над 10 илјади граѓани во странство се попишале до 8 часот утринава, во изјава што ја пренесоа медиумите.
Вчера почна првата фаза од пописот во која се попишува иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците. Предвидено е во наредните две недели да бидат попишани 2.200 осудени и притворени лица во казнено-поправни и воспитно-поправни установи на територијата на Македонија. Пописот ќе трае до 21 април.