Соработката помеѓу Здружението на Хрватите во Република Македонија и актуелните претставници на институциите во државава, со крајна цел афирмација на хрватското малцинство во земјата, решавање на отворените прашања за нивниот статус, како и поддршка на проектите од областа на културата и уметноста, беа истакнати на 21-то Собрание во организација на Здружението, на кое завчера присуствуваа голем број претставници од јавниот и од политичкиот живот во Македонија.
Во свечениот дел на Собранието свои обраќања имаа: Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспората; Данијела Баришиќ, амбасадорка на Република Хрватска во Македонија; Никола Шалваринов, директор на Агенцијата за иселеништво; Рубен Земон, пратеник во македонското Собрание; Невенка Костовска, претседателката на Здружението на Хрватите и Ненад Живковиќ, член на Советот на Владата на Република Хрватска од Македонија.
Во работниот дел на Собранието беа разгледувани тековните прашања од работата на здружението, а беа утврдени и насоките за идните активности на Здружението на Хрватите во Македонија.