Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа. Наместо сегашното работно време од 07.30 до 15.30 и од 08.30 до 16.30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08 до 16 часот.
Флексибилното работно време почна да се применува од 1 септември 2017 година.
Со одлуката се утврди почетокот на работното време да биде помеѓу 7.30 и 8.30 часот, а завршетокот помеѓу 15.30 и 16.30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Како што тогаш соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, одлуката била донесена по серија консултации со јавноста, меѓу кои и граѓанските организации и синдикатите, во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација, како и за подобрување на процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.