Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, во текот на денешниот ден имаше консултации со координаторите на пратеничките групи и претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со двата клучни закони, Предлогот на закон за јавното обвинителство и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кои што треба да бидат разгледани на Комисијата за европски прашања.
По оддржаните консултации Груби одлучи да ја закаже седницата на Комисијата за европски прашања во четврток, на 29 август 2019 година со почеток во 11.00 часот.
Досега со месеци опозицијата и власта се обидуваа да најдат решение за Законот за ЈО, но без успех.