По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, Сојуз на спортови на Скопје ја организира седматата велосипедска тура низ државава.
Настан е под покровителство на Владата на Република Македонија, а целта е да прерасне во активност која ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.
Претседателот на Сојуз на спортови на Скопје, Ѓорги Кузмановски на своја 77-годишна возраст, заедно со Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50-годишна возраст, ќе ја започнат 90-километарската тура од плоштад „Македонија“ во Скопје во 9.30 часот и очекуваат да пристигнат во Богомила во 13:00 часот.