Актуелниот Генерален секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити и во наредните четири години ќе ја обавува оваа функција, откако раководниот одбор на Црвениот крст на својата последна седница му ја продолжи довербата за периодот од 2018 до 2022 година.

Саит Саити оваа функција ја обавува полни 10 години, поточно од 2008 година, а претходно бил и долгогодишен активист на Црвениот крст на Република Македонија, додека во периодот од 2000 до 2008 година бил најпрво потпретседател, а потоа и претседател на Црвениот крст на град Скопје – инаформира Линда Мустафа, портпарол на Црвениот крст на Македонија.

З.А.