ПОЧИТУВАНИ НАШИ ПАЦИЕНТИ, ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВАШАТА ДОВЕРБА!
ПЗУ „Ре-медика“ известува дека работи континуирано и е отворена со сите свои специјалности – присутни се сите доктори специјалисти и севкупниот кадар во секој оддел на болницата.
Благодарение на севкупната заложба, болницата „Ре-медика“, остана безбедна и сигурна за сите. До сега, во болницата нема ниту вработени ниту пациенти заразени од вирусот ковид-19. Затоа потенцираме, болницата е отворена и работи за сите пациенти согласно потребата од медицински услуги.
Редовните прегледи и интервенции на сите пациенти се согласно закажаните термини и се одвиваат непречено, безбедно и сигурно.
Тука сме за Вас, драги наши пациенти, за да Ви овозможиме термини согласно редовните распореди за секој доктор специјалист.
Чувствувајте се сигурни во изборот за Вашето редовно лекување во Вашата и наша „Ре-медика“.
„Ре-медика“ ги сака своите пациенти.