Земјотрес со јачина од 3.1 степен според Рихтер бил регистриран денеска во 12:34 часот. Потресот е регистриран во делот на Карбинци.
Според Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјтресно инженерство и климатски промени, Македонија припаѓа на друго епицентрално подрачје и кај нас земјотресите кои ја погодија Хрватска не се почувствувани.
– Земјотресот меѓу Штип и Кочани не е во никаква корелација со земјотресите во Хрватска – рече Гаревски.
Земјотреси ја тресат Хрватска од вчера, но најсилниот, со разорна моќ беше денес во 12:19, со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, со епицентар на два километра од Петриња, а бил почувствуван во целиот регион.