Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, најави дека утре ќе поднесе повеќе тужби, поради неовластено тонско снимање, за клевета и за навреда. Арбитражна постапка, како што кажа Рашковски, ќе биде поднесена против неколку интернет-портали.
Рашковски на денешната прес-конференција посветена на скандалот со набавката на радарски систем за Македонска навигација (М-НАВ) повеќе од половина час, преку презентација и слајдови, ги убедуваше новинарите дека опозицијата и дел од медиумите шират лажни вести.
Договорот за избор на италијанската фирма „Леонардо”, како што посочи Рашковски, го потпишал менаџментот поставен од минатата власт.
Рашковски рече дека нема да поднесе оставка.