Продолжен е мандатот на Владо Бучковски како специјален претставник нa македонската влада за Бугарија.
На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската влада за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година, соопшти владината прес-служба.