Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за детски болести е дистрибуиран лекот „Калидеко“, терапија за пациентите со цистична фиброза кои се носители на III -klasa CFTR „gatting“ мутација.
Оваа набавка е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест, со што им е обезбедена терапија за цела година.
Министерството за здравство почнувајќи од 2017 година е во редовна комуникација со здруженијата на пациентите со ретки болести, а, како што посочуваат од таму, со таквиот пристап значајно се зголемени буџетите во делот на ретките болести.
– По три години иницијални состаноци значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти. Со ребалансот на буџетот за 2021 година за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, што е значително повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 214 милиони денари – наведуваат од ресорното министерство.