Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи првата седница. Новите членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 25 јули годинава од Собранието на РМ се: Оливер Дерковски – претседател, Дитмире Шеху – потпретседателка и членови: Елизабета Постоловска, Јанакие Витановски, Борис Кондарко, Радица Ристеска и Енвер Салиу.
ДИК треба да го спроведе референдумот за името Договорот со Грција што Собранието го распиша на 30 септември годинава.
Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со Изборниот законик и врши надзор над работата на изборните органи.