Коалицијата за подобра Македонија и независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, соопштија дека ќе се приклучат кон акцијата за донирање за децата од „Медена земја“.
– Со голем интерес го проследивме повикот за донирање на децата од „Медена земја“ и потребата за средување на кровот во куќата за Атиџе, во Дорфулија. Веднаш одлучивме да се приклучиме кон донаторите и ги повикуваме колегите да го следат нашиот пример. Воедно, бидејќи Владата во вторник има седница истото го очекуваме и од министрите и замениците министри. Апел за донирање праќаме и до компаниите и до сите кои имаат можност за тоа – се наведува во соопштението.