Министерството за здравство информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА „Мајка Тереза“ – Чаир починала родилка на 26 години, на која со царски рез и било извадено машко бебе.
– Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. – соопштуваат од Министерството за здравство
На увидот од извештаите во електронската база „Мој термин“ било констатирано дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок.
На пациентката и била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли.
– Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено. Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. – се вели во соопштенито
Во операциона сала паралелно по интубацијата било констатирано кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација бил отпочнат царски рез.
– Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт. – соопштуваат од Министерството за здравство