Во 88-та година од животот во Скопје, почина стопанственикот и општественик м-р Јаким Ивановски. Роден е во село Лазарополе во 1933 год. Дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет во Скопје.
Во тек на својот работен век извршувал бројни функции: директор на Индустријата за кожи „Борис Кидрич“ – Битола, претседател на Извршниот одбор на општина Битола (1974-1979), функционер во органите на Стопанската комора на СФРЈ и СРМ. Ивановски бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Либералната партија во првиот и вториот парламентарен состав (1990-1998).
Во 1978 година бил именуван за индивидуален работоводен орган на Стопанска Банка-Основна Банка-Битола и оваа функција ја извршува во два мандати до 1995 година. По издвојувањето од Стопанска банка – здружена банка Скопје, беше именуван за генерален директор на Стопанска банка а.д. Битола, функција која ја обавуваше до пензионирањето во 2008 година со навршени 51 година работен стаж. Во овој период банката што ја раководи, од списанието „Фајнанс сентрл јуроп“ три години по ред (2003, 2004 и 2005) е прогласувана за најдобра банка во Македонија, а директорот три пати едноподруго е носител на престижната титула – банкар на годината. Беше член на управниот одбор на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, како и бројни здруженија од овааа област, а неговата лична и професионална експертиза беше исклучително ценета од банкарската, финансовата и стопанската фела на Македонија. М.М.