Благородна Дулиќ, поранешна пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, почина денеска на 78-годишна возраст.
Таа беше пратеничка во три мандати, од 2006 до 2014 година.
Таа претходно работела како судија во Окружниот стопански суд Скопје; судија во Стопанскиот суд на Македонија; судија на Врховниот суд на Македонија; член на Републичкиот судски совет.
Погребот ќе се одржи утре со почеток од 12.30 часот во капелата на гробиштата во општина Бутел.