Почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија се изврши вечерва во 19 часот во касарната „Илинден“ од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ, по повод Денот на Армијата.
Претходно, денеска во присуство на државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности, пред Министерството за одбрана се одржа централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.
Свои обраќања имаа претседателот на државата и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.