Бензините, од ноќеска на полноќ, поскапуваат за два денара, а за денар дизелот и екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 64,5 денари, а литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 66,5 денари. За литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се плаќа 61 литар, а екстра лесното масло за домаќнство (ЕЛ-1) по 49,5 денари.
За 0,619 денари се зголемува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,847 денари.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени за 2,24 проценти, додека зголемувањето на рафинериските цени е 3,64 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката за новите цени на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.