Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во источните подрачја повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец.
Утре во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.