Министерот за здравство Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници, против насилството врз нив. Тој рече дека започнале камапња за враќање на довербата помеѓу пациентите и здравствените работници.
– Со министерството за правда и за внатрешни работи започнавме акција, со која сакаме да укажеме дека сите тие напади се казниви, дека се предвидени парични казни, но и казна затвор. Еден дел од напаѓачите, во последните случаи на насилство над здравствени работнции, завршија во притвор – рече Филипче.
Министерот најави мобилна патрола во старата градска болница, каде, како што рече, имало најмногу инциденти, особено во дежурствата.
Филипче уште еднаш упати осуда кон насилствата над лекарите и здравствените работници, кои пожртвувано ја работат својата работа спасувајќи ги животите на сите пациенти. Тој најави и мерки за зголемување на дигнитетот на лекарите, преку, како што рече зголемување на платите и унапредување на услугите на кои работат тие.
Министерот рече дека во клиниките има вработено обезбедување кое не е ефикасен начин за решавање на овој проблем со насилството. Анализирале со МВР и заклучиле дека најсоодветно решение е ангажирање на полициски службеници.