Група граѓани денеска го искажаа нивното незадоволство од блокадите на планината Огражден, што во изминатите неколку дена ја спречија нивната работа на археолошките истражувања на подрачјето.
Локалните жители и активисти ги спречија екипите на Заводот и Музеј од Струмица да вршат истражување на Огражден, односно ги спречија археолозите да се упатат кон локалитетите Анови и Црквиште на планината.
Активисти од граѓански организации заедно со жители од Иловица и Штука со жив ѕид и моторни возила го блокираа патот на Огражден.