Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети Македонската академија на науките и уметностите.
Пендаровски, посакувајќи успешен мандат на новото раководство на МАНУ, со претставниците на академијата размени мислења и информации за актуелните состојби во земјава, за нејзините аспирации за членство во Европската унија, како и за состојбите во регионот. Пендаровски, на средбата, се осврна и на неговите меѓународни активности.
Во рамки на состанокот, стана збор за усвоената Повелба за македонскиот јазик од страна на Собранието на МАНУ, на седницата одржана на 3 декември. Пендаровски посочи дека постоењето на македонскиот јазик е факт и беспредметни се сите обиди за негово негирање, ревизии и толкувања надвор од научната сфера.
На средбата со актуелното со МАНУ беа разменети информации и мислења за актуелните активности на академијата, како и за плановите за идните активности по стапувањето на функција на новото раководство од 1 јануари 2020 година.
Претседателот беше информиран за тековната реализација на национални и меѓународни проекти од страна на академијата, како и за меѓународната соработка со други академии. На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката меѓу Кабинетот на Претседателот и МАНУ.