Инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот период и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Во текот на надзорот имаше траги од горење и видлив чад на повеќе места.
Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично, 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице. Исто така, издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад.