Поглаварот на Католичката црква папата Франциск стигна во Вилата Водно, каде беше пречекан од претседателот во заминување Ѓорге Иванов.
Пред платото на Вила Водно го пречекаа премиерот Зоран Заев, а до него стоеше претседателт кој што треба да стапи на функција Стево Пендаровки, како и претставници од владата и бискуби од Католичка црква.
На новинарите им е забранет пристап во вилата, тие преку видео бим ќе го следат обраќањато на Неговата Светост Папата Франциск пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор.