Папата Франциск пристигна на скопскиот аеродром, каде беше пречекан од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Папата беше традиционалено пречекан со погача и сол.
Од таму ќе се упати во претседателската Вила Водно, каде ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор.
Поради посетата на папата во Скопје денеска ќе има посебен безбедносен и сообраќаен режим.
Папата потоа ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.