Зборовите на Свети Климент Охридски, вечно живиот светец на охриската духовна меморија, „со просветение до спасение“ одекнаа по сите меридијани завчера, на денот на Богојавление, на големата меѓународна онлајн конференција која под наслов: „Охридската школа на хуманизмот, од Средниот век до денес, во Европа и во светот“ собра над 40 учесници, видни интелектуални, универзитетски и политички величини, кои го обележаа јубилејот – 15 години од Светската награда на хуманизмот, со која Охрид ги овенча бесмртните имиња на светската култура и наука. Меѓу нив се Даисаку Икеда (Јапонија), Маноел де Оливеира (Португалија) нобеловците Александр Солжењицин (Русија) и Херта Милер (Германија), потоа Рави Шанкар (Индија) Питер Брук (Велика Британија) Џон Ралстон Сол (Канада), Светлин Русев (Бугарија) Романо Проди (Италија), Вида Огненовиќ (Србија), Георги Старделов (Македонија) и овогодишниот добитник Академик Абдулах Шарчевиќ (Босна и Херцеговина).
Конференцијата започна со изведбата на светската премиера на композицијата „Химна на Свети Климент“, од Љупчо Коскаров и пијано придружба на Дарко Мариновски, по што обраќањето на претседеталот Стево Пендаровски, во кое тој го подвлече трисетгодишното дејствување на Охридска академија на хуманизмот, која „во современ контекст, всушност, го продолжува делото на Свети Климент Охридски“.
Модераторот на конференцијата, Жан-Патрик Конрад од Империјал Колеџ, Лондон, претседателот на Европската академија на науките, уметностите и кижевностите ја отвори свечената церемонија на прогласувањето на овогодинешниот добитник, на кој беше прочитан последниот текст на Академик Старделов, беседата на амбасадорот Плевнеш, по што во името на градот Охрид се обрати градоначалникот Константин Георгиевски и виртуелно му ја врачи наградата на Абдулах Шарчевиќ. Од името на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина се заблагодари Академик Есад Дураковиќ и лично Академик Абдулах Шарчевиќ од својот дом во Сараево, кои подвлече дека Македонија и Охрид како духовна светлина ке го покажуваат патот на
хуманизмот во филозофијата на хуманизмот во Европа и светот.
Во импресивната листа на учесници се слушнаа прекрасни и длабоки мисли за местото на Охрид во светската меморија на хуманизмот од страна на Романо Проди поранешен претседател на Европската комисија, кој истакна дека Македонија и другите земји на Балканот треба да станат дел на Европската Унија, и тоа е нејзина цивилизациска обврска, потоа на Генералниот секретар на Колегиум интернационал во кој членуваат 92 претседатели на влади и држави од Париз, Саша Голдман, кој истакна дека геополитички и духовно Охрид го зазема приматот како центар на светскиот хуманизам.
Меѓу другите, истакнати учесници на конференцијата треба да се издвојат обраќањата на јапонскиот будистички филозоф Даисаку Икеда од Токио, Патриција Корбе од Вашингтон, Елена Табанова од Санкт Петербург, Педро Кудел од Лисабон, Д-р Седрик Оункепоне од Централноафриканскат република, Фредерик Фапани фон Лотринген од Париз, Теруко Јамазаки од Јапонија…
Оригинален придонес во конференцијата дадоа и македонските учесници Академик Катица Ќулавкова, проф-д-р Љубомир Кекеновски и потпретседателот на филозофското друштво на Македонија Љубомир Гајдов.
На предлог на Романо Проди ќе се објави и зборник и видео издание на конференцијата, кое ќе биде промовирано во Фиренца каде што тој е Претсетател на институцијата Архив на Европската Унија. На крајот од конференцијата Жан-Патрик Конрад го прочита Апелот на хуманизмот од Охрид, кој го потпишаа сите учесници.
За следната година е предвидено по официјалната одлука на Советот на Општина Охрид да се инаугурира спомен обележје кај Долна Порта, со имињата на сите досегашни добитници, кое е заедничко дело на Светлин Русев од Бугарија и Жарко Башески од Македонија.