Советниците од Охрид денес треба да одлучат дали и кога ќе се уриваат дивоградбите што го загрозуваат статусот за заштита од УНЕСКО.
Екологистите, пак, препорачуваат да не се врши селективност, туку да биде отстрането сето она што комитетот на УНЕСКО го посочи како опасност за природното и културното наследство.
Општина Охрид досега не откри што содржи планот. Сите нелегални угостителски градби ќе треба да се урнат до септември, доколку планот биде усвоен, а до февруари в година ќе треба да се урнат и останатите дивоградби кои се критични за задржување на статусот на УНЕСКО.