Од кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, го достави предлогот за избор на нови министри во Владата до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Заев изјави дека се надева оти во текот на следната недела ќе биде ставен на дневен ред неговиот прелог. По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.