До 20 јули трае конкурсот за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџот во Солун, Грција.
За академската 2018/19 година стипендиите се наменети за вонредни двегодишни стидии од втор циклус за насоките менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси кои се дел од постдипломските студии на Програмата за бизнис администрација МБА.
Стипендиите ќе им бидат доделени на 20-те најдобри кандидати кои ги исполнуваат условите во конкурсот.
Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на веб страницата mon.gov.mk.
Со потпишаниот договор меѓу Сити Колеџ, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Министерството за образование и наука се овозможи образование за 20 кандидати, финансирано од Министерството за образование и наука и Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.
На Универзитетот Шефилд има шест факултети од кои пет се во Велика Британија, а Меѓународниот факултет Сити Колеџ се наоѓа во Солун, Грција.