Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска беше отворена Лабораторијата за кризен менаџмент.
На отворањето присуствуваа Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Оваа Лабораторија е дел од НАТО проектот што се спроведува и реализира преку ЦУК во државата.
Следната година, во септември, во Македонија ќе се одржи голема НАТО вежба (EADRCC) за справување со кризи со учество на околу 2.000 учесници на разни вежбовни точки.