Застојот на македонско-грчката граница е направен бидејќи сè уште нема формална одлука на грчката влада за отворање на границите, истакна македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање.
– Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите за граѓаните да можат да минуваат – нагласи Османи, апелирајќи до граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија на надлежните служби.
Граничниот премин „Евзони“ сè уште е затворен, иако беше најавено дека денеска ќе биде отворен.