Со утрена боженствена архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше г. Тимоеј, митрополит на Дебарско-кичевскагта епархија на МПЦ-ОА и на г. Јосиф, митрополит на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир и јеромонаси на монашкото братство, беше одбележан именденот на игуменот Партениј. Манастирската црква беше преполна со верници од сите краеви на Македонија.
Потоа, на манастирскиот паркинг беше положен и осветен темелот на манастирскиот конак наменет за гости. Изградбата ќе се врши со тврди материјали, камен и дрво, во стилот на мијачката архитектура, како што се изградени објектите на Бигорскиот манастир. Чинот на осветувањето го извршија митрополитите г. Тимотеј и г. Јосиф, архимандрит Партениј и јеромонаси на манастирот.
Новиот манастирски сместувачки капацитет ќе располага со 70-тина легла, чардаци и други заеднички простори кои ќе ги користат гостите.
Инаку, синоќа беше отслужена вечерна богослужба посветена на празнувањето на споменот на архимандритот Партениј, меѓу светиите Партениј, епископ Лампсакиски. Во чест на именденот на архимандритот Партениј, беше одржано соборно дружење и послужение во манастирскиот синодикон.