Министерството за здравство информира дека за приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година.
-На специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година – информираат од министерството.
За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар.
– Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата – информираат од министерство.