Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=7.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата 14/30 степени.
Од утре попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи.
В сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.