Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од дожд има низ целата држава. На патниот правец крак Маврово-Маврови Aнови поради појава на одрони се препорачува крајно внимателно возење.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Патниот правец Маврово – Дебар прооден за сообраќај

Од АМСМ информираат дека патниот правец Маврово – Дебар е нормализиран и прооден за сообраќај за сите типови на возила.

Вчера доцна попладне од безбедносни причини (одрони и паднати дрва) беше воведена забрана за движење на сите типови на моторни возила од мавровската крстосница до Дебар.