На денешната седница Владата донесе решение за одобрување на план за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и со заклучок на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено да донесе решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на АД „ОХИС“-Скопје.
Ова решение на Министерството за животна средина и просторно планирање следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН, го информираше Министерството дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.