На одбележувањето на 17 годишнината од загинувањето на 10-мината македонски
бранители во 2001 година кај месноста Карпалак помеѓу Тетово и Скопје оние кои го
преживеаа нападот повторно потенцираа дека секој пат го имаат истото барање – достојно спомен обележје да се постави на тоа место.

Речиси две децении поминаа и ниту една Влада не постапува по нивните барања, велат бранителите.

-Секоја година исто се бара, а и секој пат не заобиколуваат. Бараме да се изгради
споменик, да не се остава цвеќето тука на банкина – изјави Ацо Јовановски-Реган еден од возачите на возилата во конвојот кој беше нападнат.

Полицискиот генерал Стојанче Ангелов кој беше бранител од 2001 година, а сега како
претставник на делегација од Владата, изјави дека во согласност со можностите,
централната власт ќе согледа реализација на барањето.

-Поминаа 17 години во кој го животеите ги загубија 10 бранители. Владата со сите сили
ќе се обиде да го зачува споменот на сите бранители и да дадеме помош на семејствата на загинатите и воените инвалиди. За загинатите тука кај Карпалак на различни локации има спомен облежја, а централното е во Прилеп. За ова место доколку постои иницијатива која е издржана Владата верувам ќе излезе во пресрет-рече Ангелов.

Кај спомен плочата со имињата на десетте бранители, букети свежи цвеќиња, положија
делегации од собранието претседателот, Министерството за одбрана, преставници на
семејствата на загинатите, политички партии и здруженија.

-Ова е тажен помен, момент на сеќавање и вечна памет и слава на за оние кои се бореа и загинаа за Македонија – изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав.

A.С.