Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, која се одржа во Армискиот центар за обука на вода, во Охрид.
Тој на припадници на Армијата на Република Македонија им го честита Денот на Армијата и порача дека реформите во одбраната и безбедноста се постојан процес и дека тие ќе продолжат и по членството во НАТО.
Обраќајќи им се на припадниците на Армијата, Пендаровски истакна дека како врховен командант ќе инсистира на подобрување на нивниот животен и професионален стандард и како што тие одговорно, посветено и професионално го исполнуваат нивниот дел од обврските, така и државата ќе ја исполни нејзината обврска кон нив.
-Вие многупати ја оправдавте довербата и на нашите граѓани и на нашите сојузници. Затоа, во нивно име, честитајќи ви го празникот, ви благодарам за професионализмот, посветеноста и дисциплината во извршувањето на задачите – рече Пендаровски.