Утрово во 7 часот биле измерени 88 сантиметри снег на Попова Шапка, 49 на Маврово, 22 сантиметри во Пожаране, 19 во Крушево, 7 во Гостивар, 5 во Тетово, 4 сантиметри снег во Дебар и Претор.
Најстудено било на Попова Шапка со измерени -5 степени, -2 во Маврово, -1 во Битола, 0 во Дебар, Крушево и Претор, 1 степен во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 2 во Виница, Берово и Куманово, 3 степени во Скопје-Зајчев Рид, 4 во Скопје-Петровец, Струмица, Гевгелија, Дојран, Штип и Демир Капија.
Денеска претпладне, ќе има слаб локален дожд на југоистокот и повремен снег во планинските региони. Преку денот во западните делови на планините ќе има слаб снег, а понекаде на повисоките места повремено ќе се изменуваат дожд и снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.