Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30 литри на метар квадратен).
Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Температурата ќе се движи од 18 до 27 степени.
Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски. Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд.