Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па околу пладне снег ќе врне и на повисоките места, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во западните и северните делови.
Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната температура нема многу да се разликува во однос на измерената утрово, ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. До крајот на денот и во делови од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а од пладне засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде околу 6 степени, а во текот на денот ќе се намалува.