Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови каде што ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 18 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи.