И овој понеделник продолжува облачно време проследено со дожд, најавуваат метеролозите. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Врнежите се очекува да продолжат во текот на целиот ден, најмногу дождови се најавуваат за западниот регион.
Температурите ќе се движат од 12и 16 степни низ котлините, додека на југоистокот со температури максимално до 17°С.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Температурата ќе се движи до 17 степени.