Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес на истрагата не соопшти повеќе детали за јавноста.
Од Обвинителството денеска потврдија дека не е пронајден вториот телефон на Јанева, а немаат ниту сознанија каде се наоѓа јавната обвинителка.
Телефонот на Јанева беше одземен во понеделникот и предаден на вештачење, за евентуална поврзаност на специјалната обвинителка во случајот „Рекет“.
Јанева претходно поднесе оставка од функцијата и оттогаш не е достапна за јавноста.
На барање на Обвинителството, вчера беше запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец, кој заедно со Боки 13 беше приведен минатата недела.