Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница, Советот ќе гласа за верифицирање на мандатот на советник, кој доаѓа на испразнетото место. Усеини беше советник од ДУИ, од 2017 година. За неговата оставка, немаше расправа на денешната седница на Советот.
На Нефи Усеини и неговито брат Ибро им беа изречен и притвор во времетраење од 30 денови. Судот ги ослободи по 16 денови откако тие дадоа гаранција имот во вредност од 850 илјади евра. Двајцата беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски, кој откако беше започна постапка од Обвинителството, негираше дека бил нападнат. Сепак, охридската полиција констатирала дека имало употреба на пиштол во нападот од страна на обвинетите.