На најфреквентен граничен премин „Богородица“ во моментот за излез и влез во државата се чека најмногу петнаесетина минути, информираат од дежурната гранична служба.
– Тоа е времето потребно за објавување на граничните и царинските формалности, а задржувањето не било поголемо ниту утрово, во времето од 7:30 до 9:00 часот кога се направила најголемата гужва денеска -појасни командирот Миле Тошев.
Најмногубројни се туристи од Македонија од Србија кои заминуваат на одмор во Грција.
Во текот на летниот период ваквата слика на границата велат е вообичаена и секојдневна, па дури се смета и за сосема нормална кога е во прашање ек на туристичка сезона.
Од АМСМ предупредуваат на внимателно возење поради зголемената фреквенција на патиштата.