На Клиниката за токсикологија ноќеска се примени 24 пациенти, сите во алкохолизирана состојба. Тие се веќе пуштени на домашно лекување. Хоспитализирани се и тројца корисници на психоактивни супстанци, од кои двајца се веќе дома, а една пациентка сè уште е на опсервација.
Како што изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во Ургентниот центар во Скопје за време на новогодишната ноќ биле третирани околу 60 пациенти, главно повредени во сообраќајки, при физички напад, од посекотини од стакло и пиротехнички средства, но ниту еден нема посериозни повреди.
Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, пак фрекфренцијата на пациенти била многу мала.
– Сè на сè, новогодишната ноќ помина со вообичаена фрекренција, со пациенти кои немаа посериозни компликации од повредите, изјави Филипче пред Клиниката за токсикологија.
Тој напомена дека оваа година во споредба со претходните намален е бројот на пациенти кои користеле психоактивни супстанци.