Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во своето пладневно соопштение.
Од таму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути, додека на „Табановце“ за влез во земјава се чека околу 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.