Папата Франциск за време на неговата историска посета на земјава во вторник ќе биде послужуван со ексклузивни вина на винарницата „Стоби“. Најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата Франциск, на кој освен Светиот Отец ќе присуствуваат и кардинали, бискупи и други високи гости, но и на сите други свечени собири организирани за високи гости, во деновите пред доаѓањето на папата во Скопје.
На свечениот ручек организиран во чест на папата ќе се служат едни од најквалитетните вина на винаријата „Стоби“ од кои дел освоиле најпрестижни светски награди, односно белото вино „р’кацители“, розе вино „розе алегро“, црвеното вино „аминта“ и десертното вино „роксана“.
– Навистина сме почестени што Скопската Бискупија како дел од организаторите на доаѓањето на папата во Скопје ни ја дадоа нивната доверба и ги оценија вината на „Стоби“ како најдоброто од нашата земја со кои треба да се претставиме пред толку значајна личност како што е папата Франциск. Задоволството е огромно, особено затоа што се работи за историски настан кој е од огромно значење за земјава и целиот регион. Довербата што ни ја укажа Скопската Бискупија е само потврда дека нашите заложби да направиме вина со врвен квалитет даваат вистински резултат – велат од винарницата „Стоби“.
Винарницата „Стоби“ обезбеди подароци за папата Франциск, како и за сите членови на високата делегација кои ќе присуствуваат на свечениот ручек.